Јелмаз Дервиши

Јелмаз Дервиши

Јелмаз Дервиши, Соработник на проекти
jdr@mcms.mk
+389 2 3065 381

Роден е на 29.06.1985г. во Тетово. Дипломира комуникациски студии на Факултетот за комуникациски науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во моментов е во завршен процес на постдипломските студии на Институтот за комуникациски студии во Скопје на програмата за Mенаџирање на стратегиски комуникации.

Во 2010 Јелмаз се вработува во националната ТВ Алсат-М како уредник на забавно- културната редакција, каде до 2015г. е автор, водител и уредник на повеќе емисии и ТВ концепти. Неговата кариера ја продолжува во областа на менаџмент и малопродажба во неколку приватни компании каде работи од 2015-2018. Подоцна се вклучува во проектот на Националниот младински совет на Македонија – МЛАДИХАБ во улога на комуникациски координатор. Паралелно, Јелмаз работи како креативен директор, тренер за социјален танц театар и форум театар со деца и млади каде досега има соработувано со многу граѓански организации во земјава и Балканот.

Од ноември 2019г. е соработник во рамки на Програмата за поддршка на граѓанското општество “Цивика Мобилитас„ каде што е одговорен за мониторинг и евалуација.

LinkedInhttps://www.linkedin.com/in/jellmaz-dervishi-b7896280/

Similar Posts

  • Валентина Чичева

    Валентина Чичева, Координатор на програмиvch@mcms.mk+ 389 2 3088 984 Родена е на 28.02.1969 г. во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет, а во 2008 г. магистрира на Економскиот институт отсек Финансиски менаџмент при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во МЦМС работи од 1994 година во Административно финасиското одделение, а од 2000…

  • Совет на МЦМС

    Членови на Советот на МЦМС 2025-2029 Елена Кочоска (Управен одбор на МЦМС) Надир Реџепи (ИнСоК) Герман Филков (Центар за граѓански комуникации) Лулзим Хазири (АДИ Гостивар) Симонида Кацарска (Институт за европска политика) Назиф Авди (Македонско здружение на млади правници) Неда Малеска – Сачмароска (Центар за управување со промени) Дејан Страчковски (Македонска православна црква) Ирсал Јакупи (Исламска…

  • Александра Сиљановска

    Александра Сиљановска, Помлад соработник на проектasl@mcms.mk+389 2 3065 381 Родена е на 18 јули 1993 година во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на студиите е волонтер во студентската организација „Борд на европски студенти по технологија“ и шест месеци е практикант за економија и трговија во…

  • Борис Ристовски

    Борис Ристовски, Соработник за интернет и нови медиумиbrs@mcms.mk+ 389 2 3088 972 Борис Ристовски е роден на 28 јуни 1983 година. Во МЦМС е вработен како соработник за интернет и нови медиуми  и работи на развој на веб базирани решенија како и присуство на социјалните медиуми. Дипломиран инженер за интернет и мобилни технологии на Институт…

  • Гонце Јаковлеска – Консултант

    Гонце Јаковлеска, Консултант/Обучувачgjk@mcms.mk Родена е на 13.07.1969 во Радовиш. Дипломира на Факултетот за политички науки во Белград, а во моментов е на пост-дипломски студии по Комуникологија на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Ангажирана е во МЦМС од 1996 година и има 14 годишно искуство во практикување на односи со јавноста и…

  • Емина Нурединоска – Консултант

    Емина Нурединоска, Обучувач/Консултант enr@mcms.mk Родена е на 16 април 1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година, и е магистер по меѓународно право –  тема „Слобода на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Таа е ангажирана во МЦМС од 2001 година и…